Тајмаут
Познат тенисер тајно ја снимал својата преубава девојка, случајно ја открила камерата (ФОТО)
Дaвид Налбандијан (41) е обвинет дека тајно ја снимал својата поранешна девојка Арачели Торадо. Тој, наводно, по раскинувањето ја оставил камерата во станот во кој живееле заедно и снимал и следел што прави.
Taa случајно ја нашла и го пријавила во полиција, па против него е поведена постапка. Арачели е модел од Рио де Жанеиро и двајцата беа во врска до јуни оваа година и извесен период живееја заедно во стан во Палермо. Таа тврди дека Аргентинецот сето тоа го направил без нејзино знаење и дека ги поставил тие камери за да ја контролира и да следи се што прави. Продолжението на сето ова ќе биде пред судот.
Налбандијан освои 11 титули во кариерата, а најдобар пласман му беше третата позиција на АТП листата во март 2006 година. Играше во финалето на Вимблдон во 2002 година и загуби од Лејтон Хјуит, додека на Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен стигна најмногу до полуфиналето.