Connect with us

Тајмаут

Позната американска пејачка со молба до Кристијано Роналдо, одговорот стигна експресно

Американската поп ѕвезда Пинк (41) испрати интересно барање до Кристијано Роналдо и набрзо доби одлична вест.

Пинк преку социјалните мрежи побарала неколку потпишани дресови од напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Португалецот секако е еден од играчите со најмногу продадени дресови и автограми и е идол на многу деца ширум светот, а пејачката почувствувала потреба да се обрати кон него за да ги израдува двете малечки.

“Еј, Кристијано. Оваа година спонзорирам две деца за Божиќ кои не сакаат ништо повеќе од еден твој дрес. Дали сакаш да ми испратиш пар дресови и да им го смениш животот?Знам дека правиш постојано убави работи но…“, напиша Пинк на својот Твитер профил.

Набрзо стигна и одговорот на Кристијан кој ја воодушеви и пејачката и нејзините обожаватели, но и целата јавност.

“Здраво Пинк – среќен сум што можам да помогнам – ќе организирам неколку потпишани дресови за овие деца. Честитки за тоа!”, напиша Роналдо.

Со тоа Португалецот уште еднаш ја демонстрираше својата голема хуманост, поради што доби над 63 милиони лајкови како одговор на Пинк.

Реклама

Facebook

Реклама