Connect with us

Тајмаут

Позната тенисерка се мажи за навивач! Се запознале на улица – побарал селфи, таа веднаш се заљубила!

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса (29), некогаш најдобрата светска играчка и двократна Грен слем шампионка, моментално паузира од спортот. Поради лошите настапи на почетокот на сезоната, таа решила да си даде неколкумесечен одмор, а тој период би можела да го искористи за да се омажи – и тоа е сосема невообичаено!

Мугуруса се мажи за момче кое е нејзин голем обожавател и кого го запознала кога тој и побарал фотографија на улица! Не е познато како таа прва средба се претворила во романса, но Гарбиње Мугуруса им открила на медиумите што точно се случило во Њујорк во 2021 година, кога учествувала на УС Опен. Артур Борхес, кој е нејзин долгогодишен обожавател, ја сретнал шпанската тенисерка на улица, побарал заедничка фотографија, а сè што и паднало на памет е дека е многу убав! Доволно за да се развијат емоции на двете страни кои подоцна доведоа до веридба… 

-Мојот хотел беше многу блиску до Централ Парк, а бидејќи ми беше досадно решив да излезам и да прошетам. Додека одев налетав на него, тој ми посака среќа на УС Опен и веднаш помислив колку е убав. Беше привлечен и поради фактот дека не е од светот на тенисот“, откри Грен слем шампионката од Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година.

Своевремено Гарбиње стигна до првото место на ВТА листата, но во последните месеци имаше многу проблеми. На Австралија опен не успеа да забележи добар резултат, а кога следеа уште неколку неуспеси, таа реши да се повлече. Таа ги пропушти сите турнири на тврда подлога во текот на пролетта, како и целата сезона на земјена подлога, а истото ќе се случи и со предизвиците на трева. Се очекува повторно да биде дел од караванот само за американската бетонска турнеја.