Connect with us

Тајмаут

Познатата спортистка тврди дека експлицитните видеа не се нејзини: „Врвна монтажа“

Американската професионална борачка Леа Ван Дејл, попозната како Кармела, пред неколку дена се најде во центарот на вниманието.

Оваа 34-годишна спортистка се најде во неволја бидејќи на социјалните мрежи се појави експлицитно видео од неа и нејзиниот партнер Кори Грејвс.

Наскоро видеото почна да биде во тренд на социјалните мрежи, но Кармела набрзо се огласи и рече дека е жално што луѓето се обидуваат да ја вовлечат во такви приказни со експлицитни видеа.

 

“Навистина сакате да ме видите како не успевам? Фотошоп е врвен овие денови. Таа е слатко девојче, но тоа не сум јас”, истакнала Кармела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leah Van Dale (@carmellawwe)

Многу луѓе потоа се „грабнаа“ за тетоважата што ја има. Таа тврди дека и тоа е фотошоп.

“Фотошоп. Истражете малку и ќе ја најдете оригиналната снимка. Престанете да пишувате за нешто што не го знаете. Вака ги уништувате животите и кариерите на луѓето. Одвратно”, напиша оваа 34-годишна спортистка.

Оваа година Кармела се омажи за коментаторот Кори Грејвс, кој има три деца од претходната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leah Van Dale (@carmellawwe)

34-годишната девојка ја започна својата кариера во WWE во 2013 година, а еднаш го имаше и шампионскиот појас на SmackDown.

Таа е една од најпопуларните борачи на познатата WWE федерација. Речиси три и пол милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

Поради ова, приказната за нејзините експлицитни видеа стана тренд бидејќи многумина би сакале тоа да биде нејзино видео.