Connect with us

Фудбал

Познати деталите од договорот на Седлоски со Работнички: Верувам ќе освоиме многу трофеји!

Трофејниот македонски стратег и легендарен македонски репрезентативец Гоце Седлоски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. Тој потпиша договор на 18 месеци и ќе има мисија да го врати клубот на шампионските патеки.

-Чест ми е што доаѓам во ФК Работнички, клуб со голема традиција и реноме во македонскиот фудбал, поранешен шампион и освојувач на Купот. Би сакал да се заблагодарам на новото раководство на клубот за укажаната доверба, ја сфаќам како сериозна обврска и ќе се вложам максимално за да ги оствариме целите што заедно ги зацртавме. Веруваме дека овој проект на крајот ќе донесе многу радости и трофеи во ФК Работнички. Мојот начин на работа кој носеше титули ќе се потрудам да го наметнам и овде. Ред, работа, дисциплина и верба во сопствените квалитети се принципите што секогаш и секаде ги носам со себе и верувам дека ќе ги воспоставиме и во тимот на Работнички. Има голем потенцијал во овој тим, а верувам дека со уште неколку засилувања ќе изградиме колектив со кој ќе се гордееме“, вели новиот шеф на стручниот штаб на ФК Работнички, Гоце Седлоски.