Connect with us

Фудбал

Познати првите парови од осмина финалето на Светското првенство

Вчера беа комплетирани две групи од Мундијалот во Русија.

Во групата А, Уругвај со победата над Русија заврши на првата позиција на табелата, па во осмина финалето ќе игра против второпласираниот од групата Б, а тоа е Португалија.

Португалците во дуелот против Иран примија гол во 3. минута од судиското надополнување, завршија на втората позиција која ги испраќа на „мегдан“ против Уругвај.

Во вториот натпревар од осмина финалето ќе играа домаќинот Русија против Шпанија, која се изнамачи против Мароко. Тие доста среќно стигнаа до првата позиција на табелата со оглед на тоа што во 93. минута од натпреварот стигнаа до изедначување, а во истата минута и Иран го постигна погодокот против Португалија, па Шпанците ги донесе на чело на табелата.

Натпреварот помеѓу Уругвај и Португалија е на распоредот на 30. јуни, додека Шпанија и Русија ќе ги одмерат силите на 2. јули.