Ракомет
Познати составите на Металург и Горење за денешната средба во ЕХФ-купот
Тренерите на Металург и на Горење, Зоран Кастратовиќ и Зоран Јовичиќ, ги објавија составите со кои ќе настапат на денешната реванш-средба од третото коло.
Всушност, двете екипи ќе настапат со состави идентични на тие со кои ја одиграа средбата во Велење. Металург и овој пат не ќе може да смета на Дејан Пецаковски, кој инаку има важна улога во нашата одбрана.
РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Поповиќ, Кондев, Шилегов, Чантурија, Серафимов, Јагуриновски, Танкоски, Мариќ, Кбилашвили, Додиќ, Маркоски, Арсеновски, Младеновиќ и Лазаревски.
Горење Велење: Бојаниќ, Целминс, Дробез, Грмшек, Хаселиќ, А.Кавчиќ, М.Кавчиќ, Левц, Матановиќ, Мазеј, Миклавчиќ, Оклесцен, Пањтар, Сол, Талетовиќ и Вердинек.
Средбата, која директно ќе решава кој ќе настапи во групната фаза на ЕХФ-купот, се игра во спортската сала “Јане Сандански“, со почеток во 18 часот. Судии на средбата ќе бидат Словаците Борис Мандак и Марио Рудински, додека делегат ќе биде Емир Бешлија од Црна Гора.
Влезот за средбата е бесплатен и се повикуваат нашите навивачи и љубителите на ракометот да дојдат во голем број и да ни дадат поддршка.