Connect with us

Фудбал

Познатиот агент Рајола на маки, како да продаде фудбалер со нула голови и нула асистенции

Мино Рајола, познат фудбалски менаџер е застапник на големи фудбалски имиња, како што се Пол Погба, Марко Верати, Златан Ибрахимовиќ и други. Но, според пишувањата на англиските медиуми, од пред неколку дена тој ќе се грижи за кариерата на Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед.

Имено, Лингард стана „лесна мета“ за социјалните мрежи поради ужасниот статистички учинок во 2019-та година во дресот на Јунбајтед. Целата измината година не успеа да постигне ниту гол, ниту асистенција иако настапи на речиси сите мечеви во Премиер лигата.

Главното прашање до Мино Рајола е како да се продаде играч кој има нула голови и нула асистенции.