Connect with us

Тајмаут

Познатиот боксер налета на гол бездомник, му најде работа со шокантна плата

Тевин Фармер, поранешен шампион во лесна категорија, кој беше непоразен осум години, реши да го промени личниот живот.

Во исчекување на враќањето во рингот кое ќе се случи наскоро, борецот од Филаделфија направи гест навистина вреден за внимание, со кој се пофали на социјалните мрежи.

Може да се каже дека случајно избрал бездомник и преку ноќ му го променил животот така што му нашол работа со шокантна плата.

Среќниот бездомник останал без ништо, а сега ќе заработува и по 10.000 долари месечно.

“Денеска сретнав бездомник. Надвор беше толку студено. Го однесов во продавница. Му купив се што му требаше”, напишала Фармер.

„Две недели му платив во хотел, го вработив да ми работи за плата поголема од 10.000 месечно.“

“Срцето ми е полно. Не можев да го гледам во зима без ништо. Целта ми е да променам еден живот годишно”.

За потсетување, овој боксер имаше тешка повреда во 2017 година, која му ја загрози кариерата кога за време на роденденска забава беше застрелан во глава.

На негово целосно изненадување, тој се врати во рингот пет месеци подоцна. Последната борба ја имаше во јануари кога загуби од Џозеф Дијаз.