Connect with us

Фудбал

Познатиот голман фатен во експлицитна поза

Своевремено еден од најдобрите голмани во Серија А ги шокираше љубителите на фудбалот.

Кон крајот на септември започна да се емитува новата сезона на шоуто на двајцата италијански комичари Амадео Гриеко и Пио Д’Антинио, а првата епизода ја погледнале повеќе од 2,5 милиони Италијанци.

За време на емитувањето на четири епизоди, италијанското дуо правеше приказни со неколку познати поранешни и сегашни спортисти, а шокираа веќе во првото издание.

Еден од учесниците беше Себастијан Фреј, пензиониран голман кој во текот на својата кариера брилијантно ги бранеше головите на Фиорентина, Интер, Џенова и други клубови.

Имено, Фреј се согласил да ја сними сцената каде Пио и Амадео му ги бакнуваат градите, што ги шокираше сите гледачи и ги остави во неверување фановите на овој поранешен голман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sebafrey (@sebafrey)

„Сè што правиме не засрамува, но нè тера да се смееме. Ни се допаѓа возбудата што ја чувствуваме и не мотивира, сакаме да го поминеме нашиот праг на срам“, велат Пио и Амадео.

Инаку, Себастијан Фреј долги години е во брак со сопругата Петра со која веќе има мало девојче, а наскоро очекуваат уште едно дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sebafrey (@sebafrey)

Французинот, кој е во пензија од 2015 година, сега работи како гостин коментатор на натпреварите на француската репрезентација или на некои други значајни фудбалски настани.

Фреј своевремено жестоко ги критикуваше денешните млади фудбалери, велејќи дека од мали нозе имаат погрешна перцепција и дека веднаш мислат дека се ѕвезди.

„Можете да кажете дека се виновни родителите, но од 11-годишна возраст тие имаат погрешни работи во главата.

Веднаш помислуваат дека се Меси или Роналдо. Сакаат скап автомобил, копачки со нивното име, помалку размислуваат за фудбалот“.

Би дал се за да можам да се вратам во периодот кога мислев само на фудбалот, во мојот случај би носел ракавици и би играл со моите пријатели“.

Инаку, Фреј со 446 натпревари во Серија А е четвртиот странец со најмногу настапи во италијанското првенство. Пред две години имаше проблеми со вирус, поради што можеше да умре, но успешно се опорави.