Connect with us

Тајмаут

Познатиот напаѓач ја посети Турција и пресади коса: Не беше лесно, ама спиев!

Во последно време, трансплантацијата на коса стана се попопуларна практика меѓу познатите фудбалери, а сега во „тимот“ се приклучи уште еден легендарен играч.

Станува збор за познатиот романски и поранешен напаѓач на Челзи, Адријан Муту. Муту (45) моментално е тренер на романски Клуж.

Познатиот Романец сега сподели фотографии од третманот за трансплантација на коса. Тој ја искористи репрезентативната пауза, отпатува за Турција и изврши трансплантација во една од најпопуларните клиники за вакви зафати.

„Косата почнува да ви опаѓа и веќе не оди така. Времето никому не простува. Не сте виделе како е на интервјуа кога светлината ќе ве удри во главата, како изгледа. Сепак, помина. Не беше болно, спиев.Лекувањето трае три часа, не беше толку едноставно“, изјави Муту за турскиот Фанатик.