Connect with us

Тајмаут

Познатиот шпански фудбалер се ожени со хрватска убавица! Тајна свадба со 12 гости, а невестата пред породување! (ФОТО)

Познатиот шпански фудбалер Фернандо Јеро (55), поранешен капитен на Реал Мадрид, се ожени со својата долгогодишна девојка, Хрватката Фани Стипковиќ (41), новинарка и телевизиско лице добро познато во регионот! Самата церемонија се одржа во тајност, па фотографии од местото на настанот не можат да се најдат ниту на официјалните Инстаграм профили на Фернандо и Фани.

Сепак, детали од венчавката во Мексико пренесува хрватското издание на магазинот „Глорија“ во кое открива како поминала церемонијата. За текстот во овој весник изјава даде и Фани Стипковиќ, новата сопруга на поранешниот шпански репрезентативец и една од најатрактивните новинарки во светот. По тој повод таа откри се за свадбата која се одржа во Гвадалахара, која е круна на нивната љубов!