Фудбал
Познато е кој ќе биде селектор, ако ФФМ не се договори со Игор Ангеловски
Игор Ангеловски има уште една година од договорот со ФФМ. Неговото име ќе остане запишано во историјата на македонскиот фудбал како прв селектор кој успеал да ја однесе репрезентацијата на Европско првенство.
ФФМ најави преговори за продолжување на соработката, но сепак претседателот на федерацијата Мухамед Сејдини индиректно најави кој ќе биде негов наследник доколку не биде постигнат договор со Ангеловски.
Секако тоа се очекува да биде Благоја Милевски, селектор на репрезентацијата за играчи до 21 година, кој исто така постигна голем успех откако пред неколку години ги одведе надежите на ЕП.
-Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Ако не се согласиме, мислам дека цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски“, изјави Мухамед Сејдини во интервју за Алсат ТВ.