Фудбал
Познато е колку пари ќе добие Покетино бидејќи ПСЖ веќе го подготви неговиот отказ
Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино речиси сигурно нема да биде тренер на ПСЖ следната сезона.
Покетино стана тренер на ПСЖ на почетокот на минатата година и главната цел беше освојување на Лигата на шампионите, но францускиот клуб не успеа да го постигне тоа.
Иако минатата сезона со парижаните ја освои шампионската титула во Франција, очигледно е дека тоа не беше доволно, бидејќи со недели на големо се шпекулираше дека Покетино ќе добие отказ.
Тој очигледно веќе се помирил со фактот дека следната сезона нема да го води ПСЖ и веќе се прости од овој клуб, а секако има причина да биде среќен бидејќи ќе добие огромно обештетување поради фактот што клубот ја прекина соработката.
Угледниот „Л’Екип“ објави дека Покетино и ПСЖ нашле заеднички јазик кога е обештетувањето во прашање, а Аргентинецот ќе добие дури десет милиони евра отштета.
Покетино ќе може да најде нов клуб ова лето, но наводно силно размислува да земе барем неколку месеци одмор пред да продолжи со тренерската работа.
🚨 PSG have signed the agreement with Mauricio Pochettino for his compensation package.
The Argentine will receive €10m.
(Source: @lequipe) pic.twitter.com/yVlrILfOep
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 30, 2022