Connect with us

Други спортови

Пред 45 години почна рангирањето на ВТА, прва на лидерското место беше Крис Еверт

Лондон, 3 ноември 2020 (МИА) – На 3 ноември 1975 година, женската тениска асоцијација – ВТА започна со компјутерско рангирање.

Првата која се најде на лидерското место беше Крис Еверт, која помина 25 недели на водечката позиција, а потоа уште осум пати се искачуваше на врвот, односно 260 недели беше прв светски рекет во женска конкуренција.

Вкупно, први на ВТА ранг-листата беа 27 тенисерки во различно време. Штефи Граф помина најдолго на првата линија – 377 недели.

Граф и Серена Вилијамс го делат рекордот за континуиран мандат број 1, 186 седмици.

Ешли Барти во моментов е на врвот. Таа има 48 недели на првата позиција. Ова е 12-ти резултат во историјата на рангирањето. зс/