Фудбал
„Пред да умрам сакам да го видам Роналдо уште еднаш во дресот на Спортинг Лисабон“
Кристијано Роналдо по повеќе од една деценија се врати во клубот каде израсна во супер ѕвезда, а тоа е Манчестер Јунајтед. И добро му оди, на три меча постигна четири голови. Се шпекулира дека по Јунајтед, тој ќе заврши во САД, но неговата мајка има друга желба.
„Роналдо мора да се врати во Спортинг“ – вели Долорес Авеиро во подкастот „АДН де Леао“. „Доколку јас одлучував, тој веќе ќе беше тука. Обожава да ги гледа натпреварите на Спортинг. Веќе му реков, „Синко, пред да умрам, сакам уште еднаш да те видам во дресот на Спортинг“. Тој ми одговори, „Ќе видиме“. Но ако ова не може да се случи, тогаш Кристијанињо нека го облече дресот на Спортинг, вели Долорес.
Со оглед на тоа дека е познато дека Роналдо ја почитува неговата мајка многу, нема да биде чудно да ја исполни нејзината желба и повторно да заигра за Спортинг.