Фудбал
Пред девет месеци имаше срцев удар, а сега Ериксен се враќа во репрезентацијата
Кристијан Ериксен се враќа во репрезентацијата на Данска. Селекторот на оваа репрезентација го повика за пријателските мечеви против Холандија и Србија, кои ќе се одиграат на 26-ти и 29-ти март.
Данецот од 12 јуни живее со дефибрилатор во себе, откако пред девет месеци преживеа срцев удар и практично беше клинички мртов.
Мораше да го прекине договорот со Интер затоа што во Италија не му беше дозволено да настапува со дефибрилатор во себе, па сега го носи дресот на англискиот Брентфорд.