Фудбал
Пред две години, го фаулираше Роналд на тренинг и никогаш не доби повик за првиот тим на Реал
Ману Хернандо е производ на академијата на Реал Мадрид, но тој сè уште не ја доби вистинската шанса во првиот тим на кралскиот клуб.
Овој 21-годишен дефанзивец пред почетокот на сезоната замина на позајмица во тимот на Расинг до крајот на оваа сезона. Хернандо е стандарден член на оваа шпанска екипа од пониската лига, обидувајќи се да им докаже на „Кралевите“ дека заслужил шанса во првиот тим.
Но, мадридската „Марка“ пишува дека Хернандо ги затвори вратите на првиот тим пред две години. Тогаш Зинедин Зидан го покани да тренира со тимот, кога имаше само 19 години.
Хернандо беше многу добар во игра на тренинзи помеѓу играчите на Реал, но потоа направи нешто за што Зидан јасно не му прости. Во една акција тој жестоко го фаулираше Кристијано Роналдо, кој беше лут на младиот играч за тоа.
Но, Хернандо веднаш му се извини на Роналдо за неговиот потег и Португалецот му пружи рака. Сепак, шпанската „Марка“ пишува дека на тој тренинг, Хернандо си ги затворил вратите на првиот тим.
После тој инцидент на тренинг, Хернандо никогаш повеќе не беше поканет да тренира со првиот тим. Не е јасно дали Зидан ја донел таа одлука или дали Роналдо имал вмешано прсти во оваа работа.
Роналдо го напушти Реал Мадрид на крајот од таа сезона, но сепак Хернандо не се врати во првиот тим. Тој замина во Расинг ова лето и неговата сезона во „Кралскиот клуб“ е под голем прашалник. Еден невнимателен старт на тренинг очигледно ја затвори вратата на Реал.