Connect with us

Фудбал

Пред неколку дена го напушти Арсенал и веднаш најде нов клуб

Грчкиот дефанзивец Сократис Папастатопулос неодамна одлучи да го раскине договорот со Арсенал.

Сократис не беше во плановите на Микел Артета веќе некое време и донесе одлука дека е најдобро да ја бара среќата во друг клуб.

Грчкиот дефанзивец пред неколку дена официјално го раскина договорот, и стана слободен агент, а како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Италија.

Газета дело Спорт утрово објави дека Сократис е во преговори со тимот на Лацио и дека најверојатно кариерата ќе ја продолжи на Олимпико.

Тој исто така се поврзуваше со враќање во Џенова, но се чини дека доаѓањето во Лацио е многу поверојатна опција. Се очекува тој да заработува два милиони евра по сезона во римскиот клуб, а се очекува да потпише договор до летото 2022 година.