Connect with us

Фудбал

Пред три месеци потпиша за Барселона, а веќе го напушта каталонскиот клуб

Младиот шпански фудбалер Пабло Торе на крајот од минатата сезона го напушти Расинг Сантандер и потпиша за Барселона.

Барселона со месеци преговараше со Торе, кој важи за голем талент во шпанскиот фудбал. Тој на крајот реши да потпише за Каталонците, но не беше баш заинтересиран да игра за резервниот тим.

Чави Ернандез реши да го вклучи Торе во првиот тим, а летните тренинзи ги мина со Барселона, но јасно е дека нема да има многу можности да игра во првиот тим.

Заедно со Миралем Пјаниќ, Жерар Пике и Мемфис Депај, Торе е единствениот кој не играше оваа сезона и јасно е дека најдобро за него е среќата да ја најде во друг клуб.

Иако пред неполни три месеци потпиша за Барселона, Торе ќе го напушти каталонскиот клуб и речиси сигурно оваа сезона ќе ја помине на позајмица.

Чави му рекол на Торе дека ќе тренира со првиот тим, а кога не е во конкуренција за натпревари, тогаш ќе игра за Барса Б, што очигледно не му се допаднало на овој играч и побарал да оди на позајмица.

Шпанските медиуми пишуваат дека Торе ќе ја помине сезоната во Сегунда во дресот на Расинг, од кој штотуку пристигна во Барселона.

Торе ќе игра за Расинг до крајот на оваа сезона, но следното лето ќе се врати во Барселона бидејќи неговиот поранешен клуб нема да има право да го откупи неговиот договор.

Исто така, Кадиз и порано покажа интерес за Торе, но целта му е да замине во Расинг бидејќи брзо ќе се вклопи во тимот за кој настапуваше до пред неколку месеци. Торе на овој начин сака да му покаже на Чави дека заслужува шанса во првиот тим на Барселона.