Connect with us

Фудбал

Предлог за побрз фудбал, да се забрани враќањето на топката назад, предлог на тренерот на Милан

Тренерот на Милан Стефано Пиоло предлага да се воведе правило според кое на тимовите ќе им биде забрането да ја враќаат топката назад, кога ќе ја поминат половинатана противникот. Со тоа, како што вели тој, би се забрзала играта и би се модернизирал фудбалот.

-Ако сакаме да гледаме повеќе напаѓачки фудбал во модерната ера, мораме да воведеме ново парило. Со воведување на правила, топката не смее да се врати назад на својата половина штом ќе ја поминеш линијата на половината на теренот. Ова би направило фудбалот да биде поинтересен, изјави Пиоли.