Connect with us

Фудбал

Премиер лига: 14 нови случаи на заразени со коронавирус

Лондон, 19 август 2020 (МИА) – Бројот на позитивни тестови за КОВИД-19 во Премиер лигата нагло се зголеми во текот на минатиот викенд.

Според „Телеграф“, 12-те клубови, кои веќе го започнаа својот претсезонски тренинг, пријавиле вкупно 14 вакви случаи.

Овој тренд се очекува да се засили во наредните недели, а се должи на фактот дека голем дел од играчите беа на одмор во големи друштва, забавувајќи се на плажите на Ибица, Миконос и на други слични дестинации.

Бројот не треба да се потценува со оглед на фактот дека во текот на целиот „Проект рестарт“ во Премиер лигата беа регистрирани само 30 позитивни резултати од направените околу 35.000 тестови.

loading...

Новата сезона во Премиер лигата започнува за помалку од еден месец – на 12 септември.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com