Фудбал
Премиер лигата добива големо „засилување“ – ВАР официјално во Англија од следната сезона
Клубовите од англиската Премиер лига прифатија од наредната сезона во натпреварувањето да биде користен ВАР.
Англичаните моментално ја немаат оваа технологија кој му помага на главниот судија да ги прегледа нејасните ситуации во текот на натпреварот.
Оваа технологија веќе се користи во Италија Шпанија, Германија, беше користена и на Светското првенство во Русија, а сега за овој потег се одлучиа и Англичаните.
Во сезоната 2019/20 сите стадиони во Премиер лигата ќе бидат опремени со ВАР и нејасните ситуации сега ќе биде лесно да се решат, па и самото натпреварување ќе биде по регуларно.
Во Премиер лигата навистина имаше нејасни судиски одлуки, доста гршки, но од наредната сезона тоа ќе биде решено.