Connect with us

Фудбал

Премиер лигата ќе ги укине сите ковид протоколи?!

На состанокот што ќе се одржи во четврток, челниците на Премиер лигата ќе разговараат за можноста за конечно укинување на сите правила за ковид до крајот на сезоната.  Една од темите на новиот состанок на Премиер лигата и сопствениците на сите клубови,  ќе биде и укинувањето на сите ограничувања и протоколи за ковид.

Промената на дневниот ред дојде откако премиерот Борис Џонсон најави дека сите ограничувања може да бидат укинати на државно ниво во следните неколку недели. Тоа би означило и враќање во нормален живот за прв пат од март 2020 година, а Премиер лигата би станала можеби првото натпреварување што го направило овој чекор.

Други извори сепак веруваат дека нема да исчезнат сите правила и ограничувања одеднаш, но дека постои шанса повеќето од нив да бидат укинати пред крајот на оваа сезона.