Connect with us

Фудбал

„Премиер лигата нема да продолжи во мај“

На состанокот оваа недела беше договорено да се одложи англиското Премиерство до 30 април.

Сепак, „Ковид-19“ штотуку почнува да зема голем замав на Островот, па сомнително е дека најсилната фудбалска лига во светот ќе продолжи во планираниот термин.

Џошуа Кинг, кој настапува за Борнамут, верува дека првенството нема да продолжи во мај и мисли дека наскоро ќе следи понатамошно одложување.

„Мислам дека првенството ќе биде одложено повторно по 30 април. Не верувам дека ќе играме во мај, но ако успееме, тоа ќе биде голем подарок“, рече овој 28-годишник.

Бурнамут е меѓу екипите во зоната на опасност. На клубот му се заканува испаѓање во Чемпионшип, па затоа на овој клуб му одговара сезоната да ја прогласат за неважечка.