Connect with us

Фудбал

Премиер лигата за реформите: Некои од објавените предлози можат да бидат поразителни

Лондон, 11 октомври 2020 (МИА) – Премиер лигата издаде соопштение во врска со информациите за можни реформи во англискиот фудбал.

„Телеграф“ денес ги објави деталите за драматичниот проект за иновации, инициран од Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Меѓу предлозите е и намалување на Премиер лигата од 20 екипи на 18, да се откажат Лига купот и Суперкупот на ФА, да се смени структурата на финансирање и да се издвојат дополнителни пари за англиската фудбалска лига.

-Англискиот фудбал е најпопуларен во светот, со енергична, динамична и конкурентна лигашка структура која привлекува интерес во целиот свет.

За да останеме на такви позиции, важно е сите да работиме заедно.

И Премиер лигата и ФА поддржуваат широка дискусија за иднината на фудбалот, вклучувајќи ја структурата на турнирот, календарот и целокупното финансирање, особено во светло на влијанието на коронавирусот.

Фудбалот има многу засегнати страни, затоа треба да се работи преку соодветни канали што ќе им овозможат на сите клубови и засегнати страни да придонесат.

Во Премиер лигата, голем број индивидуални предлози во планот објавени денес може да имаат поразителен ефект врз целата игра, и ние сме разочарани што Рик Пари, претседател на ЕФЛ, ја даде својата официјална поддршка, се вели во соопштението на лигата. зс/