Фудбал
Премиерот на Англија најваи отварање на стадионите
Англискиот фудбал полека но сигурно се враќа во нормала.
Премиерот Борис Џонсон најави дека, во областите на земјата со најмал број на инфекции со Ковид-19, ќе бидат дозволени максимум 4.000 навивачи за сите спортски настани на отворено.
Во областите со помал ризик, дозволената граница ќе биде 2.000 лица, додека влезот во областите најмногу погодени од коронавирусот ќе продолжи да се забранува.
Новите мерки ќе стапат на сила од 2 декември и ќе траат до крајот на март 2021 година, со што ќе се анализираат областите со ризик и може да се обновуваат на секои две недели.