Поврзи се со нас

Фудбал

Преодниот рок заврши, а во Англија остварен уште еден од поголемите трансфери!

Еден од поголемите трансфери оваа година ќе се реализира во Англија до крајот на денот.

Иако преодниот рок во петте најголеми лиги заврши пред околу десетина дена, клубовите од Премиер лигата имаат дозвола да доведат играчи од пониските лиги.

Тоа право го искористи Вест Хем и стави крај на трансфер од 30 милиони фунти. За таа сума, „чеканите“ ќе ги засили одличниот Саид Бенерахма од Брентфорд.

Скај Спорт известува дека клубовите се договориле за сè и дека во тек се лекарските прегледи, по што трансферот ќе биде официјализиран.

25-годишниот Алжирец, кој исто така има француско државјанство, пристигна во Брентфорд пред две години, а минатата сезона беше одличен со 17 погодоци во Чемпионшип.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама