Тајмаут
Престане да ја напаѓате мојата девојка! „Новиот Ѓоковиќ“ ја брани убавицата – таа е постара од него и беше верена за фудбалер!
Холгер Рун во последно време е во лоша форма и ги замолчи сите кои за тоа ја обвинуваат неговата девојка Каролин Донзела.
Холгер Рун (20) е во криза, не може никого да победи. Уште од четвртфиналето на Вимблдон, кога загуби од Карлос Алкараз, има големи проблеми. Од таа средба, на турнирите во Торонто, Синсинати, УС Опен, Пекинг, Шангај и Стокхолм, секаде е елиминиран на самиот старт.
Само во Пекинг ја прескокна првата пречка, па беше елиминиран во следната рунда. Поради сето ова почнаа разни шпекулации, а некои тврдат дека причина за лошата игра е неговиот приватен живот, односно врската со Каролин Донзела (26). Кога слушнал за тоа, многу се налутил.
„Керолин нема никаква врска со моите лоши игри. Тоа е исклучиво моја одговорност. Луѓето сакаат да ги гледаат тие други фактори и да ги обвинуваат другите, но јас сум единствениот одговорен“, изјави Руне за „Експресен“.
Која е Каролин Донзела? Таа се уште студира, на универзитетот во Монако и се занимава со манекенство. Таа е позната во светот на фудбалот, бидејќи беше свршена за фудбалер. Станува збор за Андреа Петања (28), италијански напаѓач кој моментално настапува за Каљари. Таа е родена во Џенова (Италија) во 1997 година и е доста активна на Инстаграм, каде има над 90.000 следбеници. Многумина тврдат дека поради неа дошло до пад во играта на Данецот, а останува да се види дали Борис Бекер, кој почна да работи со него, ќе може да промени нешто во тоа. Инаку, прекарот му е „Новиот Ѓоковиќ“…