Фудбал
Пресврт и одлични вести: Дербито на Италија ќе се игра пред полни трибини?!
Пред неколку дена поради коронавирус беа одложени неколку мечеви. Интер вечерва против Лудогорец ќе игра пред празни трибини и без присуство на новинари.
Такво нешто се планираше и за претстојниот викенд кога на програмата е Дербито на Италија, односно пресметката помеѓу Јувентус и Интер која уште сега би можела да го одреди новиот шампион.
Сепак, последните информации од Италија велат дека се уште ништо не е дефинитивно, па се разгледуваат опциите дербито да се одигра со присуство на публика. Но, овие информации се уште не се потврдени од страна на Италијанската фудбалска федерација.