Connect with us

Фудбал

Пресврт во последен момент: Де Јонг нема да премине во Манчестер Јунајтед

Френки де Јонг нема да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед.

 

Се чинеше дека се е готово, но популарниот Спорт пренесува дека тој го одбил трансферот, а причините се од спортска и лична природа.

Де Јонг е најблиску до останување во Барселона, иако во приказната се појави и Челзи.

 

Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година за 75 милиони евра. Тој одигра вкупно 140 натпревари и постигна 13 гола.

 

Треба да се напомене дека Јунајтед веќе ги комплетираше трансферите на Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен, а покрај Де Јонг, уште неколку познати имиња се поврзуваат со Театарот на соништата и Јунајтед следната сезона би можел да има многу интересен тим.

 

Наводно, „црвените ѓаволи“ биле подготвени да понудат 65 милиони евра за услугите на 25-годишниот фудбалер, но играчот од средниот ред барем моментално е далеку од островот.