Connect with us

Фудбал

Претседателот го ограби сопствениот клуб: Италијанските обвинители започнаа истрага

Челниците на италијанските фудбалски клубови едноставно не можат без големи скандали.

Новиот скандал е направен од претседателот на Хелас Верона, Маурицио Сети, кој е под истрага за перење пари.

Италијанските власти започнаа голема истрага против Сети, и наводно заплениле шест и пол милиони евра што тој ги украл од сопствениот клуб.

Медиумите од Апенините откриваат дека јавниот обвинител во Болоња започнал истрага против бизнисменот за перење пари и проневера на пари, а му се заканува затворска казна.

Сети незаконски одзема шест и пол милиони евра од Верона и со тие пари се обиде да спаси банкрот на друг тим чиј сопственик е – тиМ Мантуа.

Контроверзниот бизнисмен изврши низа измами за да го скрие потеклото на парите, но тој беше откриен и сега се соочува со заминување зад решетки.

Претходно, Сети беше под истрага на италијанското обвинителство за финансиска измама и нелогични трансфери што ги извршил како претседател на Верона.

Овој 58-годишник е сопственик на клубот од 2012 година, а претходно поседуваше и дел од сопственоста на екипите Карпи и Болоња.

Тој стана сопственик на тимот на Мантуа во 2018 година, и купи мнозински пакет акции во 623.000 евра.