Connect with us

Фудбал

Претседателот на Барселона го брани Куман: Роналд прави добра работа

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс излезе во одбрана на тренерот Роналдо Куман, откако Каталонците во саботата одиграа нерешени 2-2 со Валенсија во Примера.

Навивачите на Барселона почнаа да го изразуваат своето незадоволство од работата и методите на холандскиот тренер, кој го презеде раководството на тимот во август.

Но, Тукетс верува дека Куман прави добра работа со тимот.

„Никој нема да обвинам, Куман добро се снаоѓа и ја има мојата поддршка“, рече Туескетс.

 
„Јадев со Куман неколку пати и тој се чини оптимист“, додаде тој.

Барселона заостанува осум бода зад лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид.