Фудбал
Приказната од детството на Лукаку ќе ви ги насолзи очите
Ромелу Лукаку, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, вечерва игра против Панама, но белгискиот репрезентативец не можеше, а да не присети на тешките моменти од неговиот живот.
Лукаку денеска е некој кој со напорна работа и со помош на неговиот талент стекна многу повеќе и може да ја обезбеди иднината на целата негова фамилија, вози скапи автомобили и ужива во луксузниот живот, но пред сето ова се наоѓаше „пеколен пат“. Пат кој само тој го знае најдобро.
Неговата мајка Адолфин, млекото го мешала со вода за да имаат повеќе, а лебот го позајмувала до локалната пекара откако неговиот татко отиде во пензија.
„Знаев дека се бориме и дека е тешко, но кога мајка ми го мешаше млекото со вода, сфатив дека е готово. Знаеш на што мислам? Тоа беше мојот живот, нашиот живот“, напиша Лукаку за „theplayerstribune.com“.
„Имав шест години, а мојата мајка имаше секогаш иста храна на менито. Кога сте мали не мислите на тоа, но очигледно само тоа сме можеле да си го дозволиме. Мешањето на вода и млеко беше најлошо. Ќе ми го донесеше тоа и се правеше дека се е во ред, но јас знаев дека ништо не е во ред. Едноставно немавме доволно пари за да поминеме една недела. Бевме премногу сиромашни и скршени“, напиша Лукаку.
„Кога татко ми ја заврши кариерата, останавме без ништо, повеќе не можевме да имам ниту ТВ канали. Кога навечер ќе се вратев дома, се беше мрачно, нема струја. Не можевме да платиме струја. Потоа кога ќе сакав да се капам, немаше топла вода. Ќе земеше чаша, па со неа ќе ме полеваше. Дури знаеше и да позајмува леб од пекара. Пекарите ме знаеа мене и мојот брат, така да ни дозволуваа да земеме леб во понеделник и да го платиме во петок“ раскажува ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Приказната на Ромелу Лукаку од детството е тажна и потресна, за жал таква е и приказната на милион други деца, а воедно е и вистински мотив за оние кои мислат дека нешто е невозможно и порака за оние кои имаат, а не знаат тоа да го ценат.