Connect with us

Фудбал

Пристигна предлог до Ла Лига: Играјте натпревари на нашите острови

Јасно е дека постои голема желба во сите европски национални фудбалски федерации да продолжи сезоната.

Поточно, таа нај изразена во најголеми фудбалски лиги, бидејќи целосното откажување на сезоната би значело и огромни финансиски загуби.

Веќе се дискутираа за различни сценарија за продолжување на првенствата, а идејата да се „изолираат“ сите клубови на иста локација и да се играат натпревари во ист град или регион се појави уште претходно во Италија и Англија.

Сега шпанската Ла Лига доби предлог да го игра остатокот од шампионатот на Канарските острови. Тоа е архипелаг кој е дел од Шпанија, но е изолиран од копното и со тоа е изолиран од она што во моментот се случува.

Предлогот да се заврши сезоната во Ла Лига на Канарските острови дојде од хотелското здружение од Канарските острови (Ашотел). Претседателот на Ашотел, Хорхе Мирихал, испрати писмо до членовите на Шпанската фудбалска федерација и ЛаЛига.

„Растојанието делумно ги заштитуваше островите од ширењето на коронавитус, за разлика од она што за жал се случи во другите делови на шпанската територија … Имаме доволно фудбалски игралишта, со лиценца за играње на прва лига, и така имаме средства за физичка подготовка на игралиштата“, се вели во писмото.

Навистина, Канарските острови (седум од нив) изобилуваат со кампови за тренинг, каде многу клубови се подготвуваат многу години заради пријатната клима. Исто така, има стадиони и инфраструктура на поранешните прволигаши Лас Палмас и Тенерифе, како и бројни други помалку познати клубови.

Одговорот на лидерите на ЛаЛига и на шпанската алијанса сега чека …