Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид

По натпреварот меѓу Волино и Црно Буки одигран во Дебарца во рамките на третата македонска фудбалска лига, приведени се фудбалери и навивачи.

Полицијата приведила повеќе лица по натпреварот, но се уште нема точни информации кои се причините.

Според едни извори инцидентот настанал поради повредување на едно лице кое го истакнало знамето „Сонцето од Кутлеш“, според други изори инцидентот се случил поради незадоволство од судска одлука.

Со комбето во кое биле навивачите заминал и градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачевски. Моментално влезот кон СВР Охрид е блокиран и никој не може да влезе во зградата.

Жителите на селото Волино поставиле и барикади во селото, по што полициското комбе не можело да излезе.

Градоначалникот за да ги увери приведените дека нема ништо да им се случи и тој се качил во полициското комбе, а блокадите од селото се префрлиле пред СВР Охрид каде моментално е блокиран бил кој пат кон полициската станица.