Фудбал
Првите резултати од обдукцијата на Марадона ја шокираа Аргентина
Пристигнаа првите резулати од обдукцијата на телото на Диего Армандо Марадона, кој почина од срцев удар. Славниот Аргентинец немал алкохол ниту наркотици во организамот, но она што ја шокирало Аргентина, немало траги ниту на лекови кои требал да ги прима поради проблеми со срцето, кои пак, настанале по операцијата на мозокот.
„Потврдено е дека Марадона не добивал лекови за стабилизација на работата на серцето, што на крајот довело до негова смрт, стои во извештајот.
Уште претходно обвинителството и полицијата отворија истрага за смртта на Марадона, а двајца лекари веќе се осомничени за небрежност, односно нелекување. Се очекува тие да заработат кривични пријави.
Diego Maradona's autopsy has revealed that the Argentina legend had no alcohol or narcotic drugs in his body at the time of his death: https://t.co/QFRutoM5qD pic.twitter.com/Fbwc8oNzLW
— ESPN FC (@ESPNFC) December 23, 2020