Фудбал
Проблем за Дортмунд, Адејеми надвор од теренот околу три недели
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми ќе отсуствува од терените околу три недели поради повреда на скочниот зглоб, соопштија од бундеслигашот.
Адејеми скина мускулно влакно на зглобот за време на првенствениот натпревар против Херта (4:1) во неделата. Првиот гол го постигна со „петта“, а се повреди при асистенција на Доњело Мален за вториот гол и мораше да го напушти теренот во 35. минута.
Karim Adeyemi tore a muscle fiber during Sunday's game against Hertha Berlin. He will not be available for about three weeks.
Get well soon, @karim_adeyemi! 🍀 pic.twitter.com/yDJq98KqAf
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) February 20, 2023
На последните три натпревари Адејеми постигна три гола и имаше асистенција. Ќе ги пропушти првенствените натпревари против Хофенхајм и Лајпциг, мечот во Лондон против Челзи во Лигата на шампионите и дербито против Шалке.
Дортмунд ги освои сите осум натпревари од почетокот на годината. Тимот е втор во Бундеслигата со 43 бодови, исто толку колку и првопласираниот Баерн Минхен и третопласираниот Унион Берлин.