Connect with us

Фудбал

Проблем за Реал Мадрид на голманската позиција

Лоши вести доаѓаат за Реал Мадрид.

Белгискиот голман Тибо Куртоа заработи повреда на грбот и нема да биде на располагање во наредниот период.

Сепак, првите прогнози се добри, па се очекува одличниот голман да не биде во акција само два меча.

Станува збор за дуели со Осасуна и Шахтјор во Лигата на шампионите.

Тој треба да биде подготвен до 16 октомври, а дотогаш ќе биде заменет од резервниот чувар на мрежата Андриј Лунин.

Мадриѓаните ќе се засилат во зима, а не се знае дали тоа ќе важи и за голманската позиција. Се зборуваше и за парите што клубот ги загуби за време на пандемијата на коронавирус.

Долгогодишниот фронтмен на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја откри точната сума што Лос Бланкос ја загубиле за време на кризата што дојде како резултат на пандемијата.

„На економска страна, пандемијата не погоди. Загубивме 200 милиони евра. За среќа, благодарение на драстичните намалувања на играчите и сите во клубот, успеавме да ја завршиме годината со вишок“, изјави Флорентино Перез за медиуми.

Добивката за финансиската 2021-2022 година беше 13 милиони евра“, изјави претседателот на Реал Мадрид.

„Во Реал Мадрид нема опуштање. По освојувањето на Суперкупот на Европа, ги добивме сите натпревари што ги одигравме, единствениот клуб со 100 процентен учинок. Така е во Реал Мадрид“, заклучи тој.

Сепак, се чини дека кризата сега е минато за Реал Мадрид, откако шпанските медиуми веќе најавуваат лов на двајца играчи на Манчестер Сити, кој би чинел над 220 милиони евра.

Како што пишува шпански АС, Реал Мадрид од следното лето ќе се обиде да го засили својот тим со доведување на Норвежанецот Ерлинг Халанд (22) и Португалецот Жоао Кансело (28).

Постар е интересот за Жоао Кансело, кој датира од времето кога Португалецот играше за Валенсија (2014-2018). Следното лето дефанзивецот ќе има 29 години, па неговиот трансфер би можел да чини некаде помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Ерлинг Халанд одби да се пресели во Реал Мадрид пред да се приклучи на Сити, но тој дефинитивно не ја затвори вратата на Лос Бланкос.

Норвежанецот се уште сонува да го облече дресот на Реал Мадрид, а не е исклучено тоа да се случи веќе наредното лето. Напаѓачот има откупна клаузула од 180 милиони евра која трае до летото 2024 година, а се чини дека Реал Мадрид е подготвен да го плати тоа за него.