Фудбал
Проблематичниот напаѓач ќе добие повик за настап против Македонија?!
Според информациите од Италија, селекторот Роберто Манчини ќе го повика Марио Балотели во составот за бараж мечот против Македонија кој се игра во март.
Манчини планира да му даде уште една шанса и да го повика на подготовките за овој натпревар. Балотели го одигра последниот меч за „аѕурите“ пред три години, а сега повторно ќе има шанса да го облече дресот на Италија.
31-годишниот Балотели игра за Адана Демирспор и сезонава има седум гола, две асистенции во 18 натпревари во Суперлигата. Изгледа се пронајде себе си по разочарувачките епизоди во Бреша и Монца.
Веројатно голем дел од вас се сеќаваат на жестоката кавга помеѓу Манчини и Балотели кога и двајцата беа дел од Манчестер Сити. Балотели важи за темпераментен фудбалер, кој често пати влегува во конфликти. Поради тоа не направи кариера како што многумина се надеваа, иако играше за големи клубови, бидејќи беше голем талент,
Sky are reporting that Mancini will call up Mario Balotelli to the Azzurri after a 3 year absence ? pic.twitter.com/Rm5HepdWmm
— Italian Football TV (@IFTVofficial) January 22, 2022