Поврзи се со нас

Фудбал

Проблеми со Бензема, Винисиус го прекинува тишината за прв пат!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор го прекина молкот и конечно проговори за инцидентот со Карим Бензема.

Камерите го фатија Бензема на натпреварот Борусија М’Гладбах – Реал Мадрид како му кажува на Мендит. ’Тој прави што сака. Брат, не играј со него! Тој игра против нас’.

Бразилецот зборуваше за ABC и истакна дека нема проблеми со францускиот напаѓач.

„Тоа беше само бучава и бучавата не е за мене. Меѓу фудбалските професионалци многу добро знаеме што е тоа. Постојат кодови кои не ги знаете. Јас и Карим не сме само соиграчи. Ние сме професионалци и ја познаваме околината во која работиме. Мојот однос со него е одличен“.

loading...

Facebook