Фудбал
Проблеми во соблекувалната на Барселона: Петмина играчи покажале незадоволство од Лионел Меси
Барселона во јануари ќе добие нов претседател, а сите кандидати ветуваат дека ќе сторат се да го убедат Лионел Меси да остане во клубот. Но, колку тоа ќе биде добро, откако се појавија информации дека во соблекувалната владее хаос и поделеност. Имено, „Дарио гол“ објави дека Меси со некои играчи нема добри односи и воопшто не комуницираат. Наводно на тие фудбалери им пречи како се однесува капитенот и разговара само со оние кои долго ги познава. Наводно играчите кои се побуниле и јавно искажале незадоволство е Тер Штеген, Рики Пуиг, Дембеле, Умтити и Жуниор Фирпо.
Јасно е дека ситуацијата во Барселона не е баш најдобра, а секако тоа се гледа и на мечевите и резултатите. Тимот од Каталонија сезонава игра тешко, не личи на себе си.