Фудбал
Проблеми за Барса! Педри не потпишува договор
Играчот за врска на Барселона, Педри одбива да потпише нов договор со клубот. На младиот плејмејкер на Барселона му истекува договорот догодина, што значи дека веќе од јануари може да бара нов клуб и идното лето да си замине како слободен играч, а проблем е платата што неговиот менаџер ја побарал, но Жоан Лапорта ја одбива.
Желбата на Педри е да добива иста плата колку Ансу Фати, но Каталонците му понудиле многу помалку. Поради тоа двете страни во моментов се далеку од договор.
Педри побарал плата во висина на онаа која Барса му ја даде на Ансу Фати, но неговите шефови нудат многу помалку. Во моментов двете страни не можат да постигнат договор, па Падри е подготвен од следната сезона да си бара и нов клуб.
Инаку Педри е еден од фудбалерите кои треба најмалку една деценија да бидат носители на играта во Барселона, но ако Каталонците не најдат решение, лесно може и да го загубат.