Connect with us

Фудбал

Проблеми за Белгија пред утрешниот натпревар со Јапонија

Белгискиот национален тим утре ќе го одигра својот натпревар во осмина финалето на Светското првенство против Јапонија.

Белгијците успеаја да го освојат првото место во групата откако победија во последното коло против Англија со 1:0, а голот го постигна Аднан Јанузај. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед ја израдува фудбалската јавност со фантастичен гол и покажа дека не добил покана за СП без причина.

Утре црвените ѓаволи  ги очекува натпреварот против Јапонија, а Роберто Мартинез доби лоша вест по денешниот тренинг. Имено, Јанузај мораше да го напушти тренингот откако ќе се здоби повреда на коленото и неговото настап за утре е под голем прашалник.

“Сите во тимот се надеваат дека тоа не е сериозна повреда и дека Аднан Јанузај ќе биде подготвен. Доби удар во коленото, а по понатамошно разгледување ќе се знае дали да игра утре, а што се однесува на остатокот од тимот, се е во ред” , изјави Мартинез.