Поврзи се со нас

Ракомет

Проблеми за Македонија пред мечот со Швајцарија, коронавирус во селекцијата!

Македонската ракометна селекција отпатува во Шафхаузен, каде треба да го одигра квалификацискиот меч од ЕП против Швајцарија. Сепак, веднаш проблеми-коронавирус. Според информациите, член на стручниот штаб, чиј идентитет не се открива, е позитивен на новиот вирус. Тој ќе оди во изолација, а останатите ја продолжуваат мисијата.

Претходно поради  исто така позитвни тестови отпаднаа играчите Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, и членовите на стручниот штаб, Александар Царчев, Никола Матлиевски и Радослав Стојановиќ.

Инаку, Македонија со триумф ги стартуваше квалификациите по победата над Финска од 33-24, додека Швајцарија на вчерашното гостување кај фаворитот Данска очекувано загуби со 31-26.

 

 

loading...

Facebook