Фудбал
Проблеми за Манчестер Јунајтед пред клучниот дуел од Лигата на шампионите
Двајца напаѓачи на Манчестер јунајтед ќе го пропуштат решавачкиот натпревар со Лајпциг во рамките на 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Единсон Кавани и Ентони Марсијал нема да одат во Лајпциг. Тие имаат „полесни повреди“, според главниот тренер на тимот, Оле-Гунар Солскјер.
Да потсетиме дека средбата е закажана за в среда. Лајпциг и Манчестер јунајтед имаат по 9 бода, исто како и ПСЖ, кој се среќава со Башакшехир од Истанбул.