Connect with us

Фудбал

Проблеми за Роберто Манчини пред дуелот со Македонија

Италијанските медиуми пишуваат дека селекторот на Италија, Роберто Манчини има проблеми во пресрет на пресметката со Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на СП во Катар. Мануел Локатели доби позитивен тест по пресметката со Виљареал на Јувентус во ЛШ, а сега најновите информации велат дека дефанзивецот од Аталанта, Рафаел Толои се повредил.

Дополнителни проблеми е тоа што и Леонардо Бонучи е неизвесен, а Киелини не настапи за Јувентус против Виљареал бидејќи штотуку е опоравен од повредата. Одамна Спинацола не е во комбинација, па италијанските медиуми пишуваат дека селекторот Роберто Манчини има проблеми со дефанзивната линија.

Бараж натрпеварот се игра во Палермно на 24-ти март, а победникот ќе игра финална пресметка за пласман на СП со победникот од мечот Португалија-Турција.