Фудбал
Проблеми за Зинедин Зидан, без половина одбрана против Манчестер Сити
Немаше полош момент за Реал Мадрид да го дочека реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. По поразот од Бетис, екипата на Зинедин Зидан не може да смета на Тибо Куртоа кој нема да се опорави до овој натпревар. Повреда „влече“ и Марселона, а голема е веројатноста и тој да не биде целосно подготвен.
Тука е суспензијата на Рамос, а ако се додаде и негативата од 2:1 од првиот меч, лесно е да се заклучи на какви маки е Зинедин Зидан. Дуелот Манчестер Сити – Реал Мадрид на програмата е следниот вторник во 21 часот.