Connect with us

Тајмаут

Продаваа 50 килограми кокаин со логото на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо има своја марка и препознатливо лого „CR7“, кое е познато низ целиот свет, но овојпат тоа лого се најде на пакувањата со дрога.

Португалецот нема никаква врска со веста во која беше објавено дека полицијата во Њу Јорк уапсила двајца шверцери на дрога со 50 килограми кокаин.

Дрогата била спакувана во амбалажа со печат и логото „CR7“.

„Повеќе од 50 килограми кокаин беа пронајдени во стан на седмиот кат во станбен комплекс во Квинс. Истражителите и агентите уапсија две лица и пронајдоа наполнет пиштол и повеќе од 200 000 американски долари, заедно со 50 килограми кокаин”, соопшти полицијата на Њу Јорк.