Connect with us

Фудбал

Продажба на Анте Ребиќ: 20 милиони за тебе, 20 милиони за мене

Минатото лето Анте Ребиќ едвај го убеди Ајнтрахт Франкфурт да го пушти во Милан. Во последните моменти беше договорена двегодишна позајмица. Сега, Ребиќ е еден од главните играчи на италијансиот тим кој сака да го откупи.

Но, има проблем. Во целата фрка околу трансферот во тоа време не се договорија околу точната сума. Сега германскиот тим го има главниот збор. Според информациите Ајнтрахт не сака да слушне под 40 милиони евра.

Цената е висока од две причини. Одличните партии на фудбалерот, но и договорот со Фиорентина. Имено, кога Ребиќ од Фиорентина се селеше во Ајнтрахт, германскиот тим плати само 2 милиони евра за неговите услуги. Но, сепак во договорот имаше клаузула во која се вели дека од наредниот трансфер Фиорентина ќе добие 50 отсто.

Тоа значи дека овие 40 милиони евра, ќе бидат поделени на половина. Односно, Фиорентина 20 милиони, Ајнтрахт 20 милиони евра.

Наводно германскиот тим на Милан порача исплатете 40 милиони и Ребиќ е ваш.